logo
logo
logo

Пелистер го уништи Еуроникел, ТФТ лесно со „штркчињата“ (ФОТО)

Vecer | 10.03.2021

Пелистер го уништи Еуроникел, ТФТ лесно со „штркчињата“ (ФОТО)

Пелистер дојде до нова убедлива победа во Првата лига. Избраниците на Марјан Илиевски на гостувањето кај Еуроникел славеа со 75-102 во заостанат меч од осмото коло. Кавадарчани го положија оружјето уште во првата четвртина, која на гостите им припадна со убедливи 18-35.

До крајот битолчани имаа лесна задача, патот кон победата им беше отворен, само ја зголемуваа позитивата за мирна завршница. Пелистер дојде 13. триумф и остана на врвот на табелата, на другата страна кавадрчани го запишаа шестиот пораз.

Кесар и Вилијамс заедно постигнаа 49 поени, на другата страна Рикиќ имаше 13 поени и 13 скока.

На втората средба од истиот термин, ТФТ ја оправда фаворитската улога против вториот тим на МЗТ Скопје, славеше со 76-65. По скромната прва четвртина (16-8), нешто пореализаторска игра имаше во следниот период (21-18). По 37-26 на одморот, домаќинот искусно го одржуваше водството за девета победа сезонава.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk