logo
logo
logo

Пеле VS Мето: Спасовски е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил со Пеле и тоа на “Маракана“! (ВИДЕО)

Vecer | 29.12.2022

Пеле VS Мето: Спасовски е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил со Пеле и тоа на “Маракана“! (ВИДЕО)

Мето Спасовски е еден од гигантите на мак – фудбалот. Мето е единствениот Македонец кој му да гол на Бразил со Пеле и тоа на „Маракана“. Ова како повод на заминувањето на Кралот.

Но ајде да се навратиме на 17 декември 1968 година. Рио де Жанеиро, „Маракана“, пред околу 100.000 гледачи во пријателски натпревар се сретнале Бразил со кралот на фудбалот Пеле, и селекцијата на тогашна Југославија, за која како стартери биле Мето и Кире Дојчиновски.

Домашните фанови уште не седнале на столчињата на славната “Маракана“ кога Мето, момчето Македонче од  Скопје, го тресе Бразил во 6.минута за водство на Југославија од 1:0. Тој гол можете да го видите во 25 секунда од приложеното видео. Тоа е тоа, Мето засега е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил, и тоа на “Маракана“. Тој натпревар завршил со резултат од 3:3. Останатите два гола за Југославија ги дале Џајиќ и Букал, додека за силниот Бразил, кој по две години во Мексико со таа генерација ќе стане и светски првак, стрелци биле Карлос Алберто, Пеле и Кавења. 

За Бразил настапиле: Пауло Пикасо, Карлос Алберто, Де Фреитас, Диас Бранко, Евералдо, Жерсон, Ривелињо, Тостао, Силва Лемос, Пеле и Еду. Овој последниот играше во Штип на простувањето на Шекуларац  во 1978 година. Во игра влегле и Силвеира, Карлос Скала, Дирсеу Лопес, Кавења или попознат како Баба.

За Југославија пак играле: Чурковиќ, Цвек, Грачанин, Павловиќ, Дојчиновски, Холцер, Спасовски, Белин, Мусемиќ, Ачимовиќ, Џајиќ. Играа и: Тешан и Букал, а селектор бил Рајко Митиќ.

Уште еднаш драги читатели, уживајте во видеото и во голот на Мето кој пред 54 години му дал гол на Бразил и тоа на “Маракана“. 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk