Ѕвездата на Портланд ТрејлБлејзерс, Демиен Лилард ќе биде опериран и ќе биде надвор од терените најмалку 2 месеци.

Ова е последната вест која пристигна од клубот, откако стана јасно дека Лилард продолжува да се бори со тендинопатијата (болка во долниот дел на абдоминалната празнина), поради што пропушти голем број натпревари оваа сезона, а кога се врати на теренот не можеше да одигра со 100% од своите можности.

Оваа недела Лилард бил на два специјалистички прегледи кои потврдиле дека на Лилард му е потребна операција. Враќањето на теренот оваа сезона ќе зависи од неговото опоравување, за кое засега нема гаранции дека ќе се случи во скоро време.

sportmedia.mk