logo
logo
logo

Павков спречи славје на Милан со гол во 93 минута, Јунајтед убедлив во Сан Себастијан (видео)

Vecer | 18.02.2021

Павков спречи славје на Милан со гол во 93 минута, Јунајтед убедлив во Сан Себастијан (видео)

Српскиот шампион Црвена Звезда извлече реми на свој терен од Милан 2:2 во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа. Четата на Дејан Станковиќ успеа да остане непоразена иако им се смешкаше пораз затоа што изедначувачкиот гол го постигнаа во 93 минута и тоа во моменти кога имаа играч помалку.

Во 12 минута Хернандез постигна гол за Милан кој беше поништен поради играње со рака (на асистенција на ВАР), но во 42 минута Радован Панков си ја смести топката во својата мрежа. Сепак, изедначувањето стигна во 52 минута преку Гуелор Канга од пенал.

Но радоста на „црвено-белите“ кратко траеше бидејќи во седум минути подоцна судијата покажа пенал кога Панков го сруши противникот со груб старт. Хернандез го реализира ударот од белата точка за ново водство на Милан. Потоа Родиќ доби втор жолт картон и излезе од игра, а Звезда со 10 играчи на терен стигна до реми благодарение на Милан Павков во 93 минута. Павков влезе во игра во 81 минута на местото на Фалчинели и решиси во првата посериозна акција ја погоди мрежата на Донарума.

Реваншот е на 25 февруари на „Сан Сиро“.

 

Неочекувано, Манчестер Јунајтед славеше со убедливи 4:0 на гостувањето кај Сосиедад. Два пати стрелаше Бруно Фернандеш, а по еднаш Маркус Рашфорд и Даниел Џејмс. И Гринвуд погоди но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Сосема изненадувачки резултат ако се знае дека баскијците се многу незгодни на домашен терен, па излезе лесна задача за „Ѓаволите“ кои веќе се спремаат за осминафинале.

Во другите натпревари:

ДИНАМО КИЕВ – БРИЖ              1:1

ЈАНГ БОЈС – ЛЕВЕРКУЗЕН             4:3

СОСИЕДАД – МАН.ЈУНАЈТЕД     0:4

ВОЛФСБЕРГЕР – ТОТЕНХЕМ        1:4

ОЛИМПИЈАКОС – ПСВ  4:2

СЛАВИЈА ПРАГА – ЛЕСТЕР           0:0

БРАГА – РОМА  0:2

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – МИЛАН          2:2

КРАСНОДАР – ДИНАМО ЗАГРЕБ              2:3


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk