logo
logo
logo

Паратичи: Нов договор за Роналдо во моментов не е на дневен ред

Vecer | 10.03.2021

Паратичи: Нов договор за Роналдо во моментов не е на дневен ред

Тимот на Јувентус во моментов очигледно се наоѓа на крстопат. елиминран е од Лигата на Шампионите, а во домашниот шампионат е далеку од првото место и битката за титулата во моментов.

Затоа, клубот ќе биде под сериозен притисок на јавноста околу следните потези, кои треба да се повлечат, а тоа секако во прв ред ќе биде прашањето на Кристијано Роналдо.

Спортскиот директор, Лука Паратичи смета дека тоа во моментов не е прашање кое е поставено во клубот.

“За среќа, има уште една година од неговиот договор. Имаме време евентуално да разговараме со него. Да речеме дека ова во моментот не е на дневен ред “, рече Паратичи. Роналдо има договор до летото 2022 година но го чини Јувентус сериозна сума на пари, па ниту заминување на португалецот од Торино според италијанските медиуми не е исклучено.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk