logo
logo
logo

“Пандевци“ слават ново финале, триумф во Ѓорче со 3:1...(ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2021

“Пандевци“ слават ново финале, триумф во Ѓорче со 3:1...(ВИДЕО)

Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија. Поладнево во Ѓорче струмичани со 3:1 ја победија Македонија ЃП, и со тоа одново имаат шанса за освојување на пехарот, односно за одбрана ако се знае дека во последното финале во 2019, ја победија токму Македонија ЃП.

Интересен меч, борбен, со шанси, со пенали, со голови и црвени картони.

Инаку ова беше трета победа на „пандевци“ оваа пролет против „лавовите“.

Академија Пандев нешто слично како и во саботата, подобро го отвори мечот. Прва и поведе и тоа со голот на Ферати во 14.минута кога убаво го лобуваше домашниот голман. Македонија ЃП возврати со удари од далечина и од корнер на Робсон да Силва, но Јовановски беше присебен, а потоа и Фазли не успеа да ја турне топката во празниот гол.

Сепак „лавовите“ израмнија во 31.минута кога Ајрулаху од лево успеа да се пробие кон гостинскиот гол и прекрасно шутираше за 1:1. И тоа не беше се, имено неколку минути подоцна за стартот на Ферати врз Ајрулаху, гостинскиот фудбалер доби втор жолт, или црвен, со што “пандевци“ останаа со играч помалку на теренот.

РАДЕСКИ ОД ПЕНАЛ ЗА 2:1, ЦРВЕН И ЗА “ЛАВОВИТЕ“…

Се играше 55.минута кога Божиновски со рака стартуваше врз Радески, судијата Качевски сметаше дека има прекршок и покажа на белата точка. Токму Радески успешно го изведе пеналот за водство на “пандевци“ од 2:1. Гостите одново водат и тоа со играч помалку.

Во 59.минута силите на теренот се израмнија откако Китановски по фаулот врз Радески доби втор жолт, односно црвен. Сега и двете екипи имаат по десет играчи во поле, тука ги сметаме и голманите.

Следуваше супер шанса за Фернандо во таа 66.минута, но офанзивниот бек на Македонија ЃП шутираше во задниот дел од мрежата на Јовановски.

Лавовите“ во финишот тргнаа со сите сили по израмнување, но пенал за гостите. Сигурен пеналџија одново беше Радески за конечни 3:1. И секако финале за струмичани.

ПОЛУФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 1:3 (1:1)

Стадион во Ѓорче. Гледачи: /. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Ајрулаху 31. (МАК), Ферати 14., Радески (п) 55., (п) 90+4. (А.ПАН). Ж. Картони: Стојчевски, Китановски, Ајрулаху (МАК), Ферати, Томовски, Мартинага (А.ПАН). Ц. Картони: Китановски 59. (МАК), Ферати 34. (А.ПАН).

Играч на натпреварот: Марјан Радесски (А. Пандев).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Серафимов, Стојчевски, Китановски, Личина, Божиновски, Филиповски (68. Коџо), Чарлестон, Фернандо, Фазли, Ајрулаху (82. Петров), Робсон (72. М. Настевски).

А.ПАНДЕВ: Јовановски, Манев, Илиев, Николов (72. Шаркоски), Стоилов (44. Мартинага), Миловановиќ (40. Томовски), Радески, Крстовски (72. С. Пандев), Ферати, Димоски, Серафимов.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk