logo
logo
logo

Пандев со “стотката“ му го честиташе 11-тиот роденден на својот син Филипо!

Vecer | 22.04.2021

Пандев со “стотката“ му го честиташе 11-тиот роденден на својот син Филипо!

Каков ден, каква вечер за најдобриот фудбалер во историјата на Македонија. Горан Пандев синоќа влезе меѓу легендите во Серија А. Со двата гола за Џенова против Беневенто дојде вкупно до 100 погодоци во Серија А. Какво фантастично постигнување. Честитки доаѓаат од сите страни, дури и тренерот на Интер, Антонио Конте му честиташе и го “замоли“ да не се пензионира Македонецот.

Со тие два гола, и со јубилејната “стотка“, ГОРАН ВЕЛИКИ на најдобар можен начин, со најубава честитка му го честиташе роденденот на својот син Филипо, кој вчера наполни 11 години, токму на денот кога неговиот татко дојде до фамозната “стотка“.

Имаат право и Горан и Филипо да бидат горди, како и сите во семејството Пандеви, сите во клубот Џенова и секако цела фудбалска Македонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk