logo
logo
logo

Пандев објави крај на кариерата

Vecer | 22.09.2022

Пандев објави крај на кариерата

Горан Пандев во интервју за „Газета“ изјави дека ја завршува кариерата како професионален фудбалер на 39 години. Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.

Најголем дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Пандев се потсети на неговото доаѓање во милански Интер. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио. Македонецот не постигна договор со Лацио и го одвоија од тимот. Шест месеци без тренинг или играње. Спорот беше изведен пред суд кој пресуди во корист на Пандев.

Напаѓачот ја објасни ситуацијата: „Фудбалот е чуден: за една година почнуваш лошо, не играш, си надвор од тимот и не знаеш што се случува. И на крајот од првенството ја освојувате тројната круна“.

Беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен за играч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја започна во Беласица, потоа се пресели во Интер, следуваа позајмица во Специја и Анкона, пет години во Лацио, по три во Интер и Наполи, една сезона во Галатасарај, вкупно седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма. Севкупно 549 настапи и 112 голови.

За најдобрата македонска репрезентација лани играше на Европското првенство и го постигна првиот историски гол за А селекцијата на континенталните собири запиша 122 настапи и 38 голови како прв стрелец на вечната листа на најдобрата македонска репрезентација.

Во неговите идни планови фудбалот се очекува и натаму да биде е присутен. Признава дека тоа е „единственото нешто што знае да го направи“.

– Себеси повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам, да ги гледам игрите, вели Пандев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk