logo
logo
logo

Панчев за “Моцартспорт“: Ех, ние да го имаме еден Александар Вучиќ!

Vecer | 14.05.2021

Панчев за “Моцартспорт“: Ех, ние да го имаме еден Александар Вучиќ!

Дарко Панчев, фудбалерот на векот во Македонија, еден од најдобрите напаѓачи на овие простори во историјата, секогаш е интересен за српските медиуми да даде свој коментар. Без разлика дали тоа станува збор за Ц. Звезда, некогаш неговиот клуб со кого го освои пехарот во Купот на Шампионите во 1991 година, или пак за фудбалот или спортот во Македонија или на Балканот воопшто.

По испаѓањето на Вардар во втора лига, српски “Моцартспорт“ утринава излезе со големо интервју со нашата фудбалска легенда во кое Панчев говори за тоа што навистина му се случува на нашиот најголем фудбалски бренд, исто така некогаш негов клуб.

Да потсетиме дека Панчев токму во Вардар се етаблира како класа центарфор, ја освои титулата во екс СФРЈ, а беше во неколку наврати потоа и во раководството на клубот.

Панчев, барем според неговите зборови, искоментира дека тој посакува во Македонија да има човек како претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ…

Видете, овде друга песна ќе се пееше ако ние имавме човек како вие што го имате во името на Александар Вучиќ. Претседателот на Србија многу го сака спортот, уште поважно е тоа што успеа да познае дека секој успех е афирмација на самата држава. Ја следам ситуацијата кај вас, гледам како Вучиќ им помага на Ц. Звезда и Партизан, како го помага општо спортот. Тоа е исправен потег. Се прават играчи, потоа тие прават големи трансфери во побогатите земји, заработуваат огромни пари и притоа ја презентираат Србија. На крај тие пари ги трошат во својата земја. Едноставна математика“ истакна Панчев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk