logo
logo
logo

Падна рекорд во Премиер лигата по број на изведени пенали во една сезона

Vecer | 09.05.2021

Падна рекорд во Премиер лигата по број на изведени пенали во една сезона

На мечот меѓу Астон Вила и Манчестер Јунајтед кој заврши со победа на „Ѓаволите“ со 1:3 голот за 1:1 беше дело на Бруно Фернандес од пенал во 52. минута. Со тоа беше поставен нов рекорд во најсилната англиска лига – Премиер лигата.
Тој погодок беше 113 оваа сезона со што е соборен претходниот рекорд од сезоната 2006/07 кога беа изведени вкупно 112 пенали.

Со оглед дека е 35. коло, а до крајот има уште три кола можно е овој да се подобри овој рекорд.

Што се однесува до Бруно Фернандес, тој го реализираше 13-тиот пенал за Манчестер Јунајтед оваа сезона што претставува нов клупски рекорд во една сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk