logo
logo
logo

Падна договор: Упамекано следната сезона во дресот на Баерн

Vecer | 01.02.2021

Падна договор: Упамекано следната сезона во дресот на Баерн

Дефанзивецот околу кого се кршеа копја од летото, па се до оваа зима, Дајот Упамекано, од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн.

Баерн ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра и со тоа ќе донесе одличниот стопер, но во Лајпциг не се премногу загрижени, затоа што веќе најдоа негова замена.

На местото на Упамекано следната сезона во својата одбрандбена линија Лајпциг ќе го има Мохамед Симакан, кој ќе пристигне од Стразбур, Франција, за нешто повеќе од 15 милиони евра. Симакан беше близу до трансфер во Милан на почетокот на овој месец, но германски Скај Спорт тврди дека на крајот Лајпциг успеал да го „затвори“ договорот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk