logo
logo
logo

Па добро бе Уроше што направи? (ВИДЕО)

Vecer | 03.03.2021

Па добро бе Уроше што направи? (ВИДЕО)

Се играше 90+2.минута во Струга, резултатот беше во тој момент 0:0. И тогаш дојде киксот на домашниот голман Урош Ѓуриќ, кој место да зграпчи таа топка, тој како на тацна го послужи гостинскиот напаѓач Пејаковиќ кој таков подарок секако дека не простува. Мирно си ја пикна топката во мрежата на Струга ТЛ и му донесе голема победа на Пелистер.

Вакво нешто не му е првпат на Ѓуриќ, ако не се лажеме сезонава и Вардар го честеше со гол во судисокото продолжение.

По тој гол домашните жестоко реагираа, сметајќи дека има прекршок над нивниот голман. Нивниот револт беше голем со оглед на тоа што се случуваше во последните секунди од средбата и дека тој момент го одлучи победникот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk