Па, ако неможам да го победам... Федерер со урнебесната изјава за Новак го насмеа цел свет (видео)

Тенискиот спектакл Лејвер куп почнува денес во Чигаго. Љубителите на тенисот од цел свет ќе уживаат во дуелите на тимот "Европа" со тимот на "Светот".

За "Европа" настапуваат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Александар Зверев, Григор Димитров, Давид Гофан, Кајл Едмунд и замена е Жереми Шарди.

Во тимот на "Светот"се Џон Инзер, Кевин Андерсон,Фанис Тиафо...

... Дијего Шварцам, Џек Сок, Ник Кирјос и замена Николас Џери. Капитени на тимовите се Џин и Патрик Мекинро и Бјорг Борг и Томас Еквист.

Правила

Ќе бидат одиграни по три меча синг и еден меч дабл секој ден. Победник е оној кој прв ќе освои 13 поени – секоја победа првиот ден носи по еден, вториот два, а третиот три поена. Очекувано најмногу внимание на медиумите привлекле Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Оваа година можеме да видеме како би изгледал дабл кои го сочинуваат Федерер и Ѓоковиќ.

На прашањето како се чуствува што за прв пат ќе биде со Новак во ист тим, Федерер одговорил:

"Кога не можете да го победите, вие придружете му се. Многу сум возбуден", рекол со што предизвикал смеа во салата.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари