logo
logo
logo

Овој пијалак го пие НОЛЕ за ДОБРО УТРО (рецепт)

Vecer | 15.06.2021

Овој пијалак го пие НОЛЕ за ДОБРО УТРО (рецепт)

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ често зборува за своите навики, па така открил и кој е утринскиот ритуал што се практикува во неговото семејство, односно што пијат наутро.

„Добро утро на сите. Значи, јас вака го почнувам секој свој ден. Прво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ѕиркам во фрижидерот каде чувам целер. Го ставам во соковник за ладно цедење, за да добијам сок од целер“, открил Ноле.

Според него, најдобар начин да се почне денот е да се испие овој сок на празен стомак.

„Овој сок е полн со минарели, соли и уште неоткриени елементи кои го чистат црниот дроб. Прави чуда и за мене и за сопругата и за децата. Додуша тие не го пијат чист, туку со сок од краставица или јаболка“, открил Ноле.

Придобивки од сокот од целер:

  • Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест;
  • Го намалува крвниот притисок;
  • Го намалува лошиот холестерол;
  • Ги ублажува воспалителните процеси;
  • Богат е со витамин K;
  • Го намалува ризикот од рак;
  • Го подобрува имунитетот;
  • Поволно влијае на кожата;
  • Добар е за варење;
  • Го ублажува менструалниот циклус;
  • Помага при слабеење;
  • Одлична замена за антидепресивите,

Како да се направи сок од целер?

Исечкајте ги стебленцата на коцки, ставете ги во блендер со вода и измелете се. Потоа процедете и испијте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk