logo
logo
logo

Оваа Македонија на Кире е ....ФАНТАСТИЧНА!

Vecer | 11.03.2021

Оваа Македонија на Кире е ....ФАНТАСТИЧНА!

БРАВО КИРЕ ЛАЗАРОВ. БРАВО МАКЕДОНИЈО! Кога ќе го “треснеш“ од паркет светскиот првак во неговиот прв настап по СП во Египет, е тоа  е нешто големо. Оваа Македонија на Кире во својот деби настап како селектор одигра едноставно ФАНТАСТИЧНО. На моменти тоа беше ракометна поезија. Одамна така ракометните срца не ни биле исполнети.

Кире и се е можно. Оваа победа значи многу за него како селектор, но и за ракометна Македонија. По она во Египет докажаа овие момци, засилени со Миркуловски, Манасков… дека ние сме ракометна нација.

Ова е прва победа на Македонија врз Данска. Во неколку наврати ни се “извадија“, но не вечерва, не во Скопје.

Прекрасно беше да се гледа како играме одбрана, како “ѕверот“ Митревски брани, како…Кире го решета данскиот гол, да, како Талески и Кузмановски играат како препоредени.

Уште еднаш…БРАВО МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА НА КИРЕ…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk