logo
logo
logo

„Ова ќе им го раскажувате на внуците...“

Vecer | 18.03.2021

„Ова ќе им го раскажувате на внуците...“

Динамо Загреб е во четвртфиналето на Лигата на Европа. „Модрите“ го направија најголемиот клупски успех во поновата историја. Адеми и Ристовски, Оршиќ, Ливаковиќ, Маер, Гаврановиќ, Петковиќ… успеаа да му го земат скалпот на големиот Тотенхем, премиерлигашот кој за ненормални пари купува играчи, а пред некоја година беше и финалист во Лигата на шампионите.

Подвигот е историски. Го елиминираа славниот клуб од северен Лондон и покрај тоа што имаа негатива од 0:2 од првиот меч на „Вајт Харт Лејн“. Ова е чудо.

Од Динамо веднаш по мечот се огласија на Фејсбук. Не можеа, а да не ги споделат емоциите.

„Крај! Динамо е во четвртфинале. Го победивме и го елиминиравме Тотенхем со резултат 3:0! Славете, веселете се, историјата е испишана на Максимир, ова ќе го раскажувате на внуците“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk