logo
logo
logo

Ова е убавината на фудбалот: Аматери се пласираa во полуфинале на Купот на Франција

Vecer | 21.04.2021

Ова е убавината на фудбалот: Аматери се пласираa во полуфинале на Купот на Франција

Додека ги следевме расправањата на релација навивачи, играчи, тренери и раководни луѓе околу Суперлигата испуштивме една интересна вест. Во Франција аматерскиот ГФА74 го елиминира Тулуз и направи историја, се пласира во полуфиналето на Купот на Франција.

Ова е убавината на фудбалот. Ова е моментот за кои многу клубови сонуваат, блесок на големата сцена и борба со гигантите.

Целосното име на клубот е ГФА Ремили-Вајере од областа Рона-Алпи во Западна Франција. Се работи за клуб од четвртата француска лига. За нив ова е прв сериозен успех, полуфинале на Купот. Противникот ќе им биде Монпеље кој со 2:1 го елиминира четвртолигашот Русијон.

Денеска во Купот на Франција играат ПСЖ-Анже и Лион-Монако.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk