logo
logo
logo

Откако падна во несвест: Осимен е добро, но ќе остане во болница на испитувања

Vecer | 21.02.2021

Откако падна во несвест: Осимен е добро, но ќе остане во болница на испитувања

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ја изгуби свеста за време на вечерашниот меч меѓу Аталанта и Наполи и беше итно пренесен во болница, но според „Скај Спорт Италија“, напаѓачот на Наполи сега е добро.

Нигериецот по судирот со Кристијан Ромеро во последната минута на мечот падна во бесознание на теренот. „Скај Спорт Италија“ јавува дека Осимен изгубил свест, по што лекарите влегоа на теренот и веднаш беше пренесен во болницата во Бергамо, придружуван од лекарот на Наполи.

Според последните извештаи од клубот, Осимен паѓал и излегувал од свест на теренот, па затоа мораше итно да биде пренесен во блиската амбуланта каде ќе му се прават дополнителни испитувања.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk