Не само што е најдобриот фудбалер во историјата, Лео Меси е и голем спортсмен. Иако Интер Мајами е основан само пред неколку години, овој клуб успеа да ја освои својата прва шампионска титула во МЛС, а секако најзаслужен за тоа е Лионел Меси, кој одигра уште една нереална сезона. Во големото финале, Интер играше против Ванкувер и успеа да победи со 3:1 и на крајот да ја освои титулата.
Интересно е што од доаѓањето на Меси, овој клуб освојува барем еден трофеј секоја сезона, но сигурно титулата шампион во МЛС е она за што сонуваа, иако немаа поим дека ќе го постигнат толку брзо откако беше основан клубот. Меси го крена трофејот за шампион на Америка по финалето, а како што се очекуваше, ја доби и наградата за играч на сезоната во МЛС, каде што целосно доминираше.
Иако не е честа појава, Меси даде изјава по натпреварот, а фудбалскиот свет бруи за зборовите на најдобриот играч на сите времиња. Меси воопшто не сакаше да се стави во преден план и веднаш рече дека оваа победа им е посветена на Серхио Бускетс и Жорди Алба, кои синоќа го одиграа последниот натпревар во своите кариери бидејќи решија да се пензионираат.
„Прво, сакам да зборувам за Жорди Алба и Серхио Бускетс. Сакам да се збогувам со двајца пријатели кои вечерва почнуваат поинаков живот и им посакувам се најдобро во тоа“, рече Меси и додаде.
„Сакав да им приредиме најдобро можно збогување бидејќи го заслужуваат тоа и среќен сум што успеавме во тоа.“
Ете затоа Лео е голем спортсмен.
Leo Messi a @MicheleG3 sobre Jordi Alba y Sergio Busquets, y lo que significa poder haberles regalado este momento de celebración en la #MLSCup 2025 pres. por Audi para cerrar sus carreras en la cima: pic.twitter.com/8rhDUmgQ9a
— MLS Español (@MLSes) December 6, 2025