logo
logo
logo

Осасуна ја прекина серијата без пораз на Леванте, Барди одигра половина час (ВИДЕО)

Vecer | 14.02.2021

Осасуна ја прекина серијата без пораз на Леванте, Барди одигра половина час (ВИДЕО)

Фантастичната серија од 10 меча без пораз за екипата на Леванте заврши вечерва и тоа на нивниот стадион. Изненадувањето го приреди екипата на Осасуна, која славеше минимално со 1:0 против тимот на нашит репрезентативец Барди, кој денеска ги одигра последните 30-тина минути за својата екипа.

Леванте во мечот влезе со извонредна низа без пораз на 10 меча во сите натпреварувања, но се најде „лек“ и за оваа непобедливост. Со голот на Анте Будумир во 74. минута, гостите дојдоа до водство, кое само пет минути подоцна можеше да биде анулирано, ако Моралес успееше да погоди од белата точка. Неговиот шут го одбрани гостинскиот голман и не дозволи Леванте да остане непоразен.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk