logo
logo
logo

Осасуна избори место во ЛК, но УЕФА може да и забрани да игра

Vecer | 10.06.2023

Осасуна избори место во ЛК, но УЕФА може да и забрани да игра

УЕФА го разгледува случајот со шпанскиот прволигаш Осасуна, клубот од Памплона кој со пласманот на седмото место во Ла Лига избори место во Лигата на конференции. Осасуна имаше одлична сезона, играа и финале во Купот на кралот, а навивачите прославија излез во Европа по 16 години.
Сепак, Осасуна може и да не игра во ЛК, а причината е нивното учество во местење натпревари во првенството на Шпанија во 2014 година. УЕФА ја анализира пресудата на Врховниот суд на Шпанија и потоа ќе одлучи дали ќе ја исфрли Осасуна или не. Во случај клубот од Памплона да не игра во ЛК, нејзиното место ќе го заземе Атлетик Билбао.
Клубот во средата дозна дека УЕФА спроведува дисциплинска истрага поврзано со нашето учество во Лигата на конференции. Истрагата е поврзана со пресудата на Врховниот суд околу случувањата пред една деценија, од сезоната 2013/14, а кои го исклучуваат клубот од казнени одговорности за тие дела“, соопштија од Осасуна.

Се работи за матни зделки на претходната управа. Врховниот суд и пресуди на тогашната управа од 2012 до 2014 година за корупција и лажирање на документи. Откриено е дека клубот му платил на Бетис 400.000 евра за го победи Ваљадолид и уште 200.000 евра за тимот од Севиља да изгуби на гостувањето во Памплона. Тогаш сите три клуба биле во опасната зона, а само Осасуна имала некакви шанси да се спаси.
Наводно една сезона претходно Осасуна му платила на Депортиво 150.000 евра, како и на Хетафе 400.000 евра за да ги изгубат своите натпревари против Осасуна. Сепак клубот се брани дека за тоа е одговорна тогашната управа, а не самиот клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk