logo
logo
logo

Олимписките игри без странски гледачи, проблем се 900.000 продадени билети

Vecer | 20.03.2021

Олимписките игри без странски гледачи, проблем се 900.000 продадени билети

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат во 2020 година па беа одложени за 2021, а сега домаќинот објави дека официјално ќе биде забрането странски навивачи да ги посетат натпреварите односно борилиштата. Се во насока Јапонија максимално да се заштити од нова зараза од коронавирусот, одлучено е на овие игри да не присуствуваат странски навивачи.

Се би било тоа во ред, доколку не се продадени веќе 900.000 билети за разноразни натпревари од програмата на Олимписките, но и на Параолимписките игри кои следуваат потоа.

Сега, организаторот ќе мора да рефундира поголем дел од нив затоа што се купени од странци. Со тоа Олимпискиот комитет на Јапонија ќе биде во загуба од милиони, но очигледно дека заштитата од вирусот во моментов е најважна.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk