Олимпискиот шампион со штафетата на Јамајка на 4х100 метри Јохан Блејк, изјави дека подобро да ги пропушти Олимписките игри во Токио отколку да се вакцинира против КОВИД-19.

“Мојот ум е јасен, не сакам никаква вакцина. Повеќе би сакал да не учествувам на Олимпијадата. Нема да ја примам”, изјави поранешниот светски шампион на 100 метри.

„Не сакам да навлегувам во детали, но имам причина за мојата одлука“, додаде Блејк.

Дури и да не се вакцинира, 31-годишниот Блејк најверојатно ќе може да се натпреварува на Игрите во Токио, што за него би биле трети Олимписки игри на кои ќе настапува. Засега, Меѓународниот олимписки комитет тврди дека вакцинирањето на спортистите се препорачува, а не е задолжително.

sportmedia.mk