logo
logo
logo

„Олимпико“ ќе биде полн за отворањето на ЕУРО 2020

Vecer | 26.03.2021

„Олимпико“ ќе биде полн за отворањето на ЕУРО 2020

Воведниот натпревар на Европското првенство во фудбал меѓу Италија и Турција ќе се одигра со присуство на гледачи и покрај пандемијата во Италија, потврди претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Габриеле Гравина.

Првенството кое беше одложено минатата година поради пандемија на коронавирусот, ќе започне на стадионот „Олимпико“ во Рим на 11 јуни кога Италија е домаќин на Турција.

„Не знам уште колку гледачи ќе има, но сигурно ќе бидат доволно“, изјави водечкиот човек на италијанскиот фудбал.

Италија е една од 12-те земји домаќини на ЕУРО 2020 низ Европа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk