logo
logo
logo

Охриѓани освоија СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 10.764.621,00

Vecer | 17.05.2022

Охриѓани освоија СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 10.764.621,00

Најновата возбуда од сигналот кој означува добивка се почувствува во Охрид. СУПЕР МИЛИОНЕР  ЏЕКПОТ  вреден 10.764.621,00 израдува брачен пар кои заедно биле во потрага по забава.

Бракот е и во добро и во лошо, а никој нема против со брачниот партнер да биде „соучесник“ во добивање на најомилениот џекпот во Македонија – СУПЕР МИЛИОНЕР. Таква е судбината на нашите најнови добитници, сопружници од Охрид, кои во понеделникот, на 15 мај, освоија 10.764.261 денар.

Сопругот често играл, а и често добивал. Овојпат ја вклучил и сопругата во забавното понеделничко попладне. Заедно отишле да уплатат спортска, но требало да почекаат, па предложиле за поинтересно да им помине времето, да одиграат некој круг на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија во објект на Моцарт, во Охрид.

Почнале со 500 денари, па имале добивка, која ја искористиле за да ја продолжат забавата. Очигледно го направиле вистинскиот потег, бидејќи набргу стигнал сигналот за СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Играта која се покажала среќна е 40 burning hot “.

„Од парите сакам да си купиме нов автомобил и да одиме на убав одмор. Остатокот од добивката ќе го испланираме, заедно ќе решиме како да ги потрошиме парите“, изјави сопругата.

Нивното лето сигурно ќе биде поубаво од што замислувале и очекувале, а со нивната среќна приказна уште посодржајна е колекцијата добитници на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Тие се носители на осмиот џекпот во 2022 година и вкупно 25-ти од постоењето на оваа добивка.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #МилионерЏекпот


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk