logo
logo
logo

Ојлески: Одиме да се надигруваме, сакаме победа

Vecer | 05.02.2021

Ојлески: Одиме да се надигруваме, сакаме победа

Крилото на битолчани, Гоце Ојлески, во пресрет на утрешниот меч од СЕХА Гаспром лигата против хрватскиот великан ППД Загреб, вели дека Е. Пелистер во Загреб заминува да се надигрува.

„Одработивме добро подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари. Мислам дека добро се подготвивме, со исклучок на неколку ракометари кои имаат мали проблеми. Одиме во Загреб да се надигруваме и знаеме каков противник ќе имаме в сабота навечер. Се работи за екипа која скоро секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но ќе играме на победа. Ќе дадеме максимум и ќе видиме што ќе се случи.  Успех во Загреб ќе ни донесе голема самодоверба и добар влез во втората полусезона. Ни следат повеќе натпревари и добар старт во Загреб добро би ни дошол. Ни следи брзо потоа и Татабања во Битола и се надеваме на добри резултати“, вели Ојлески.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk