logo
logo
logo

Охрид на колена пред Бутел

Vecer | 05.03.2021

Охрид на колена пред Бутел

Бутел Скопје е првиот тим кој оваа сезона успеа да го совлада Охрид. Во второто дерби во рамките на првото коло во Супер-лигата, „бутелци“ славеа со 26-22 (11-7).

Гостите имаа водство само на стартот на натпреварот (0-2). По последното изедначување (7-7), домашниот состав со серија од 5-0 поведе со 12-7 во воведните минути на вториот дел. Охриѓани во ниту еден момент не се заканија посериозно, имаа негатива од шест гола (17-11), на крајот беа поразени со 26-22.

Печенковски со шест гола беше прв стрелец, еден помалку имаше Младеновски, во таборот на поразениот тим, Кривокапиќ имаше шест гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk