logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Заниоло е нов фудбалер на Галатасарај

Vecer | 08.02.2023

ОФИЦИЈАЛНО: Заниоло е нов фудбалер на Галатасарај

Николо Заниоло и официјално е нов играч на Галатасарај.

Турскиот клуб ја искористи разделбата меѓу италијанскиот фудбалер и Рома и во Турција го донесе еден од најперспективните играчи во Серија А.

„Рома објавува дека постигна договор со Галатасарај за трансферот на Николо Заниоло. Напаѓачот се сели во турскиот тим на трајна основа. Заниоло пристигна во главниот град летото 2018 година одигра 128 натпревари и постигна 24 гола со дресот на нашиот клуб“, пишува на официјалната веб-страница на римскиот клуб.

Италијанците веднаш ќе добијат 16,5 милиони евра, на кои ќе додадат 2 милиони кои ќе и бидат загарантирани за секој трансфер поголем од 20 милиони евра. Дополнително, „волчицата“ задржува 20% од разликата меѓу идната препродажба и овие 16,5 милиони што денеска ги плати Галатасарај. Во договорот има и 13 милиони како бонуси кои се однесуваат на цели поврзани со перформансите на играчот и клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk