logo
logo
logo

Официјално: На Австралија Опен ќе играат само вакцинирани, неизвесен настапот на Ѓоковиќ

Vecer | 20.10.2021

Официјално: На Австралија Опен ќе играат само вакцинирани, неизвесен настапот на Ѓоковиќ

Сите тенисери кои сакаат да добијат виза за учество на Австралија опен на почетокот на следната година, мора да бидат целосно вакцинирани. Ова денеска го објави австралискиот министер за имиграција,  Алекс Хок.

Новак Ѓоковиќ, кој е актуелен шампион на Австралија опен, досега одбиваше да открие дали е вакциниран, и рече дека не е сигурен дека ќе ја брани титулата во Мелбурн.

„На сите спортисти им се потребни две дози вакцина ако сакаат да ја посетат Австралија. Ова не се однесува само за тенисерите, туку и за секој странец кој сака да дојде”, изјави Хок за австралиското радио.

„Немам посебна порака за Новак. Апелирам до сите што сакаат да дојдат во Австралија дека мора да бидат целосно вакцинирани”, додаде министерот.

Според последните извештаи на медиумите, повеќе од 65 проценти од мажите во професионалниот тенис и помалку од 60 проценти од жените се целосно вакцинирани.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk