logo
logo
logo

Официјално: Анте Ребиќ е нов фудбалер на Хајдук

Vecer | 01.08.2025

Официјално: Анте Ребиќ е нов фудбалер на Хајдук

фото: HNK Hajduk (Facebook)

31-годишниот хрватски репрезентативец, Анте Ребиќ е новиот играч на Хајдук. Тој потпиша едногодишен договор со „белите“. Според договорот тој ќе заработува 450.000 евра годишно, а би можел да добие и бонус доколку Хајдук ја освои титулата.

Хајдук го потврди трансферот со соопштение на своите официјални канали, каде што Ребиќ се сликаше облечен во белиот дрес.

Тој се приклучува во Хајдук без обештетување бидејќи е слободен агент откако неговиот договор со италијанскиот Лече истече на 30 јуни. Минатата сезона тој одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, но помина само 844 минути на теренот и постигна еден гол.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk