logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Упамекано во Баерн за 42,5 милиони евра

Vecer | 14.02.2021

ОФИЦИЈАЛНО: Упамекано во Баерн за 42,5 милиони евра

Германскиот шампион Баерн Минхен продолжува да го собира најдоброто во Бундес лигата и да ја прави својата екипа недостижна за ривалите. Пред неколку денови беше најавено, а сега европскиот и светски првак го потврди трансферот на дефанзивецот Дајот Упамекано од РБ Лајпциг. Момчето што беше интересно за многу странски клубови, одлучи да остане во Германија и да ја продолжи кариерата во минхенскиот гигант.

Трансферот изнесува 42,5 милиони евра, а играчот ќе му се приклучи на Баерн на 1 јули. А дефанзивецот ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Со тоа Баерн ја освежи одбраната, а за наредната сезона нема да има потреба за дополнителни активности во овој дел од екипата.

Дајот има 22 години и е француски репрезентативец. Тој му се приклучи на Лајпциг од редовите на Салцбург во 2017 година за 10 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk