logo
logo
logo

Официјално: УЕФА му прости на Реал, “кралевите“ ќе играат полуфинале во ЛШ против Челзи!

Vecer | 23.04.2021

Официјално: УЕФА му прости на Реал, “кралевите“ ќе играат полуфинале во ЛШ против Челзи!

И покрај најавите, и покрај заканите на УЕФА, официјално Европската куќа на фудбалот го помилува Реал Мадрид и нема да го казни по сите оние случувања со Суперлигата. Ова го соопштија од УЕФА во текот на попладнево.

Тоа значи дека “кралевите“ ќе можат да играат во полуфиналето во Лигата на Шампионите против Челзи на 27 април во Мадрид и на 5 мај во реваншот во Лондон.

Се чини логичен потег на Чеферин и на раководството на УЕФА. Се коментира дека ова е добар потег со цел да се смират страстите и нервозата меѓу двете страни по се она што се случуваше наназад неколку денови.

Тоа значи оваа сезона Лигата на Шампионите ќе заврши како ништо да не се случило.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk