logo
logo
logo

Официјално: На Германија и гостуваме во Дуисбург!

Vecer | 09.03.2021

Официјално: На Германија и гостуваме во Дуисбург!

И официјално и дефинитивно, дуелот од 3.коло во квалификациската група Ј за СП во Катар 2022 година меѓу Германија и Македонија, закажан за 31 март, ќе се игра во Дуисбург. Иако имаше некои најави, и тоа поради рестриктивните мерки поради Ковид-19 од страна на Владата на Германија, дека овој натпревар може да се игра дури и во Букурешт, сепак останува како што и беше првично закажано. Македонија на 31 март на “панцирите“ им гостува во Дуисбург.

Ова значи дека отпаѓа можноста Македонија како домаќин мечот со Лихтенштајн да го игра во Букурешт, и за тоа имаше некои најави, и тоа само ако со Германиците игравме во главниот град на Романија.

Планот на селекторот Ангеловски беше, се разбира ако со Германија игравме во Букурешт, сите три меча во овој квалификациски “прозорец“ да ги играме во тој град, на Националната Арена, со цел репрезентацијата да не се „шета“ од Скопје до Букурешт двапати за само неколку денови.

Сепак, сите резервни планови отпаѓаат, останува тој главниот што беше.

А тој е дека во првиот меч на 25 март со Романија на гости играме во Букурешт, потоа на 28 март со Лихтнштајн играме во Скопје, и на 31 март во Дуисбург играме со Германија.

Сите три натпревари започнуваат од 20:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk