logo
logo
logo

Официјално: Македонија во Амстердам ќе игра пред 12.000 гледачи!

Vecer | 07.04.2021

Официјално: Македонија во Амстердам ќе игра пред 12.000 гледачи!

 

Како што и официјално објавија Холанѓаните, Македонија на 21 јуни, во третиот меч од групата на ЕУРО во Амстердам ќе игра пред 12.000 гледачи. Познато е дека тогаш ривал ќе биде домашната селекција на Холандија, претходно играме ќе играме со Австрија и Украина во Букурешт.

Тие 12.000 гледачи прават 25% од капацитетот “Јохан Кројф Арената“ во Амастердам, а ако епидмемиолошката ситуација се подобри, во однос на Ковид-19, бројот на фановите кој ќе може да бидат на трибините секако дека ќе биде зголемен.

Сепак секој фан кој ќе сака да присуствува ќе мора има и негативен корона-тест. Останатите безбедносни протоколи дополнително ќе бидат познати.

Оваа вест ја потврди Гијс де Јонг, директорот на турнирот во Анмстердам за ЕУРО 2021.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk