Она што се најавуваше доцна синоќа, но и утринава, сега стана и официјално. Интер од Милано и Атлетико Мадрид и официјално потврдија дека го откажале учеството во Суперлигата која уште непочната доживеа вистински крах. Со тоа овие два гиганти преминаа на вистинската страна во фудбалска Европа.

Тоа значи дека од 12 клубови во моментов останаа само три клуба да ја бранат честа на Суперлигата. Засега тоа се Реал Мадрид, Јувентус и Барселона.

Да потсетиме дека се почна да се урива како кула од карти со повлекувањето на Челзи, потоа следеа отказите на преостанатите клубови од Премиерлигата, примерот го следеше и Милан, за да сега тоа го потврдија Интер и Атлетико.

 

sportmedia.mk