logo
logo
logo

Официјално: Ибрахимовиќ нема да игра на ЕУРО!

Vecer | 15.05.2021

Официјално: Ибрахимовиќ нема да игра на ЕУРО!

Како само за момент се менуваат работите. Откако во текот на денот медиумите во Италија најавија дека повредата на Златан Ибрахимовиќ и не е така сериозна, и дека тој веројатно ќе игра за Шведска на ЕУРО 2020, попладнево лоша вест од Фудбалскиот сојуз на Шведска.

А таа вели дека официјално Златан Ибрахимовиќ нема да игра на ЕУРО, односно повредата сепак е сериозна и тој не е на списокот на селекторот на репрезентацијата на Шведска.

Разговарав со Златан во текот на денот и тој лично ми соопшти дека повредата е сериозна и дека нема да може да игра за Шведска на претстојното ЕП. Секако дека ова е тажно за сите нас, посебно за Златан“изјави селекторот Јане Андерсон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk