logo
logo
logo

Официјално: Германија со Хумелс и Милер на ЕП 2020

Vecer | 19.05.2021

Официјално: Германија со Хумелс и Милер на ЕП 2020

FOTO>Twitter/DFB_Team_EN

Селекторот Јоаким Лев долго време ги игнорираше искусните фудбалери, но увиде дека не може без нив. На германскиот национален тим му е потребна стабилност и некои што ќе ги водат младите фудбалери. Па така по подолго време Лев попушти и ги повика Матс Хумелс и Томас Милер, асовите на Борусија Дортмунд односно Баерн Минхен.
Двајцата немаат играно за Германија уште од Мундијалот 2018 кога Германците изненадувачки беа елиминирани уште на стартот.
На ЕП нема да играат Жером Боатенг и Марко Ројс. Играчот на Борусија Дортмунд објави дека нема да учествува на европскиот шампионат затоа што се чувствува изморен.
Германија на ЕП е во група со Франција, Португалија и Унгарија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk