logo
logo
logo

ПОТРЕСИ ВО УЕФА: 12 клубови ја формираа Суперлигата, Перез претседател, стартот е во август!

Vecer | 19.04.2021

ПОТРЕСИ ВО УЕФА: 12 клубови ја формираа Суперлигата, Перез претседател, стартот е во август!

Потреси во УЕФА, потрес во европскиот фудбал. Она што долго се најавуваше сега е официјално! 12 европски клубови го потпишаа за свое учество во новата Супер лига на Европа и ќе ги заменат своите настапи со настапите во Лигата на шампионите.

Незадоволни од УЕФА, клубовите одлучија да формираат свое натпреварување каде секоја недела ќе играат супер натпревари. Притоа ќе имаат фантастични финансиски придобивки. Интер, Милан, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем се екипите кои прифатија да бидат дел од оваа лига. Засега нема клубови од Германија и Франција.

ЕСЛ соопшти дека клубовите основачи договориле новото натпреварување да се игра на средината на неделата, додека тимовите паралелно ќе играат и во своите шампионати. Од УЕФА претходно признаа дека нема да го прифатат ова натпреварување дури се заканија со жестоки казни за клубовите и за фудбалерите кои играат за овие клубови (нема да можат да настапуваат на Европско или Светско првенство). Сепак, „суперлигашите“ одлучија да ризикуваат и да одат контра УЕФА.

Клубовите од Суперлигата оценуваат дека пандемијата КОВИД-19 само ја „забрза нестабилноста во постоечкиот европски фудбалски модел“.

ЕСЛ би требало да почне во август секоја година, а натпревари би се играле во вторник и среда, а екипите би биле поделени во две групи со загарантирани 18 натпревари. Првите три од секоја група би се квалификувале за четвртфинале, додека четвртопласираниот и петопласираниот би играле плеј-оф.

Финалето би се играло во мај на неутрален терен.

Првиот директор на ЕСЛ би требало да биде Флорентино Перез, а потпретседател Џоел Глејзер, еден од директорите на Манчестер Јунајтед.

Се очекува пристапување на уште три клуба (Баерн, ПСЖ или РБ Лајпциг), а во иднина бројката да достигне 20 клубови!

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk