logo
logo
logo

Одредени двојките за ракометниот Куп на Македонија, Вардар слободен на стартот

Vecer | 20.10.2021

Одредени двојките за ракометниот Куп на Македонија, Вардар слободен на стартот

Ракометната федерација на Македонија со ждрепка ги одреди елиминациските двојки од националниот Куп во машка и групите во женска конкуренција. Во Куп натпреварувањето кај мажите ќе учествуваат вкупно 31 екипа: 12 екипи од Супер машката лига и 19 екипи од Првата машка лига.

Екипата на Вардар 1961 како победник на купот 2020/2021 ќе биде слободна во елиминациското коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза, каде ќе биде сместена во првиот шешир.

Куп мажи – елиминации:

ГРК Борец – ГРК Тиквеш 2014

РК Работнички – РК Драчево

РК Пролет 62 – РК Кичево 2020

ГРК Охрид – РК Преспа 2015

РК Алкалоид – РК Радовиш

РК Скопје 2020 – РК Текстилец

РК Металург – РК Јехона

РК Аеродром – РК Младост 1977

РК Јуниор К.В – МРК Куманово

РК Македонија Ѓ.П – РК Струга

РК Бутел Скопје – РК Вардар Неготино

РК Астраион Хендбол – РК Прилеп

Голден Арт – РК Партизан 2016 Спорт

РК Шампион – РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Метарлург РА

РК Вардар 1961 – слободен

Натпреварите ќе се играат на 13/14 ноември оваа година.

Екипите победници во овие средби ќе бидат поделени во 4 групи, од каде со ждрепка ќе бидат одредени 1/16-финалните групи според листата во Пропозициите за КУП натпреварувањето за 2021/2022 година која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2021/2022 година.

Во Купот во Женска конкуренција ќе се натпреваруваат 15 екипи.

Екипите се поделени во 4 групи по 4 екипи, а само групата Г има 3 екипи.

Куп жени – групна фаза:

Група А:

Полуфинале:

ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Ѓорче Петров ЖРК – РК Кузман Вардар Илинден

Група Б:

Полуфинале:

РК Феникс АМС – РК Спартак

РК Овче Поле СУ – ЖРК Чаир

Група В:

Полуфинале:

ЖРК Металург – ЖРК Астибо

ЖРК Шампион – ЖРК Гевгелија

Група Г:

Полуфинале:

ЖРК Пелистер 2012 – ЖРК Куманово

ЖРК Деспина – слободна

Наптреварите ќе се играат на 19/20.03.2022 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk