logo
logo
logo

Одложен натпреварот Е.Пелистер и Рајн Некар

Vecer | 19.02.2021

Одложен натпреварот Е.Пелистер и Рајн Некар

ЕХФ го одложи дуелот меѓу Е.Пелистер и Рајн Некар во рамките на деветтото коло на групата Д во Европската лига поради неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.

Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома. Клубот од Бундеслигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување.

Еурофарм Пелистер ја прифаќа одлуката на Европската ракометна централа и очекува информации за нов термин за одигрување на натпреварот. Во меѓувреме клубот и тимот ќе се насочи на следните натпреварот против Татран Прешов во СЕХА лигата и против Кадетен Шафхаузен во Европската лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk