logo
logo
logo

Одбојкарите утре одат за Данска: Матијашевиќ со истите 14 патува за Шлагелсе

Vecer | 25.05.2021

Одбојкарите утре одат за Данска: Матијашевиќ со истите 14 патува за Шлагелсе

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе отпатува за Данска, каде од петок до недела треба да ги одиграат последните три средби од вториот турнир во групата „А“ на Европската Сребрена лига. По двете победи над Израел и Кипар и поразот од Данска, Македонија ќе се обиде да се реваншира и со три победи да се врати пред завршниот турнир кој на 5 и 6 јуни ќе се одржи во Струмица.

Селекторот Никола Матијашевиќ нема да прави промени во тимот, па оние 14 кои играа и на првиот турнир во Струмица заминуваат за Данска. Според информациите од нашиот табор, здраствениот билтен е поволен, но се уште на мала повреда се жали првото либеро Дарко Ангеловски.

Тој и на турнирот во Струмица се жалеше на повреда на ногата, поради хематом на бутот, но најверојатно неговиот настап во Шлагелсе не е доведен под знак прашалник.

Нашата репрезентација утре преку Виена заминува за Копенхаген, по што со автобус ќе патува до Шлагелсе каде в петок ќе го имаме клучниот меч за првото место во групата против домаќинот.

фото: CEV.eu


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk