logo
logo
logo

Одбојкарите со „рецептот“ на ракометарите против Данска

Vecer | 23.05.2021

Одбојкарите со „рецептот“ на ракометарите против Данска

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 часот) го игра последниот меч од Европската сребрена лига, за противник го има составот на Данска, кој исто како и нашите момци нема пораз.

Селекторот Никола Матијашевиќ одиграа тежок меч против Израел, им требаа четири сета за да дојдат до вториот триумф. Иако веќе се чувствува замор, сепак целта на одбојкарите е една – перфектно да ја завршат мисијата во Струмица.

„Ова беше тежок натпревар, заморени сме затоа што се подготвуваме за предизвиците во елиминациската фаза, но дадовме максимум денеска. Ни беше важно да победиме и се надеваме дека формата ќе ни се подобрува со секој настап“, рече македонскиот репрезентативец Владо Милев.

Данска која беше фаворит во нашата група пред почетокот на турнирот, покажа слабости, за разлика од нас, против Израел мораше да го реши мечот во пет сета.

Одбојкарите по „рецептот“ на ракометарите можат на Данците да им нанесат уште маедонски нокдаун.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk