По вчерашната победа од 3:1, нашата одбојкарска репрезентација вечерва во Маврово е поразена со убедливи 3:0 од селекцијата на Албанија во вториот пријателски натпревар. Избраниците на селекторот Павличевиќ, вечерва очигедно одиграа под своите можности и на крајот беа убедливо поразени.

Овие две контроли се единствените од ваков вид за нашата селекција, која на 25 мај ги почнува настапите во Европската сребрена лига, каде како еден од противниците ја имаме и селекцијата на Албанија.

sportmedia.mk