logo
logo
logo

Од Реал се бунеа за недосуден пенал, од Атлетико брутално им возвратија

Vecer | 09.03.2021

Од Реал се бунеа за недосуден пенал, од Атлетико брутално им возвратија

Лидерот во Ла Лига Атлетико Мадрид му врати на градскиот соперник Реал Мадрид на социјалните мрежи откако „кралевите“ се пожалија на судијата Алехандро Ернандес Ернандес. Мечот заврши 1:1, а легендата на Реал Емилио Бутрагењо и други познати фудбалери и приврзаници на кралскиот клуб имаат замерки кон судијата за недосуден пенал по консултација со ВАР поради игра со рака на Фелипе од Атлетико после центаршут од корнер.

„Тие дури критикуваат правилни пресуди… Некои се навикнати на ветрот кој секогаш да дува во нивна насока“, се огласија од Атлетико.

На поплаките на играчите на Реал за време на натпреварот реагираше и уругвајската ѕвезда на Атлетико Луис Суарез.

„Дали ќе се жалите на она што се случи минатата сезона? Детска работа“, му рече Суарез на Лукас Васкез, алудирајќи на некои судиски одлуки во корист на „белите“ во продолжението на шпанскиот шампионат по прекинот поради коронавирусот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk