logo
logo
logo

Од можни 24 бодови освоени само осум: Стадионот на ФФМ како проклетство за Шкупи!

Vecer | 15.04.2021

Од можни 24 бодови освоени само осум: Стадионот на ФФМ како проклетство за Шкупи!

По вчерашниот пораз од Беласица на свој терен и дефинитивно може да се каже дека Шкупи оваа сезона нема да првак во ПМФЛ. Математиките се тука, има уште шест кола до крајот, но тие -13 бодови во однос на Шкендија се преголем залак за тимот од Чаир.

Се чини дека овој клуб го плати данокот тоа што се реконструираше стадионот во Чаир, каде кога игра со публика, Шкупи е просто непобедлив. Мораше да го “изнајми“ стадионот во Лисиче на Фудбалската Федерација од ноември и наваму, и се покажа дека тој стадион ама воопшто не му “лежи“ на тимот.

Замислете, тим кој е аспирант за титулата, од осум средби успеал да победи само на две, и тоа со Беласица и со Вардар. Ремизирал двапати, со Вардар и А. Пандев, а загубил од Струга ТЛ, Работнички, Ренова и вчера Беласица. Значи од можни 24 бодови освоени се само 8 бодови.

Така шампион не се станува, бадијала победите на гости кога на “свој“ терен не можеш да победуваш во серија.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ШКУПИ НА ФФМ

ШКУПИ – Беласица 3:0

ШКУПИ – Вардар 1:1

ШКУПИ – Струга ТЛ 1:2

ШКУПИ – А. Пандев 0:0

ШКУПИ – Работнички 0:2

ШКУПИ – Вардар 2:0

ШКУПИ – Ренова 1:2

ШКУПИ – Беласица 0:1

ВКУПНО: 8 2 2 4 8:9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk