logo
logo
logo

Од Каунас до Скопје: Македонија и Шпанија – десет години подоцна на мегдан!

Vecer | 26.11.2021

Од Каунас до Скопје: Македонија и Шпанија – десет години подоцна на мегдан!

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (19:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ги отвара квалификациите за Светското првенство 2023 година. Прв противник на селекторот, Драган Бајиќ е актуелниот светски првак Шпанија.

„Фуријата“ не потсеќа на едни убави кошаркарски времиња, на една година во која го живеевме најубавиот сон, година во која цела нација беше на нозе, година за која десет години мечтаеме, посакуваме да оствариме барем половина од тој успех.

Литванија е земјата во која на чудесен начин испишавме историја, го освоивме четвртото место на континенталниот собир во 2011 година, откако во битката за третото место бевме совладани од Русија.

Претходно во пресметката за финале ја имавме токму Шпанија. „Фуријата“ предводена од Пол и Марк Гаосл, Наваро, Фернандез, Ибака, Љуљ..беше подобра од Македонија со 80-92. Резултатот е убедлив, но на теренот беше поинаку, храбро и достоинствено „црвен-жолтите“ одиграа против Шпанија, која оваа година се искачи на тронот.

Од Литванија се променија многу работи. Македонија претрпе промена на генерации, последен пат на едно големо натпреварување настапуваше во 2015 година, додека Шпанија продолжи да чекори успешно.

Од полуфиналниот дуел на ЕП 2011 само еден кошаркар вечерва ќе биде на теренот. Дамјан Стојановски добро знае како се игра против оваа земја на еден официјален натпревар.

Составите и на двете страни се променети. Бајиќ остана без неколку кошаркари, на другата страна Скариоло дојде со втор состав, ги нема ѕвездите, шанса ќе добијат помладите имиња.

ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ, ПЕТ ПРИЈАТЕЛСКИ – ДОМИНАЦИЈА НА ШПАНИЈА

Македонија и Шпанија денеска ќе го одиграат вториот официјален натпревар, претходно за првпат се имаме сретнато во 1999 година во пријателски дуел. Вкупно имаме одиграно уште четири контролни средби, сите им припаднале на Шпанците.

Но, нашите момци изминатите денови најавија дека нема да се влезат со „бело“ знаме, домашниот терен го гледаат како предност, па посакуваат овие квалификации да ги почнат со игра која ќе им даде ветер во грб за следните дуели.

Патот до СП 2023 е тежок. Македонија е во група со Украина и Грузија, треба да заврши на едно од првите три места за да се најде во втората фаза од оваа мундијалска битка.

Билети за мечот се уште има во продажба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk