logo
logo
logo

Од Е.Пелистер порачуваат: Ја научивме лекцијата од Вардар, можеме до Куп пехарот

Vecer | 12.05.2021

Од Е.Пелистер порачуваат: Ја научивме лекцијата од Вардар, можеме до Куп пехарот

Купот на Македонија носи интересни пресметки во полуфиналето. Точно е дека на вакви мечеви нема фаворити, секој може да добиеме секого. Втората битка за место во финалето е резервирана за Е.Пелистер и Бутел Скопје, дуелот е закажан со почеток во 19 часот.

Од таборот на битолчани веруваат дека можат да дојдат до трофејот, најважно е дека извлекле поуки од првенствениот меч со Вардар 1961.

„Имаме време да се подготвиме и ќе треба да ги одработиме двата натпревари доста сериозно. Благи фаворити сме против Бутел, но се стремиме кон финалето, да одиграме максимално и да го донесеме пехарот во Битола.

Се надеваме дека ги научивме поуките од поразот од Вардар 1961 во шампионатот. Тоа треба да го покажеме на терен. Кога сте комплетни е многу поразлично и ротацијата е подобра. Сите ќе го дадат максимумот за титулата да дојде во нашите витрини“, изјави Градимир Чаневски, капитенот на Е.Пелистер.

Слично размислува и Стипе Мандалиниќ.

„Сите екипи во Купот имаат свои шанси. Првиот натпревар е Бутел и се спремаме за тој натпревар, па потоа ќе видиме што ќе биде. Секако дека гледаме шанса во Купот, квалитетна екипа сме, добро работиме и се подготвуваме и ќе видиме што ќе донесе „фајнал-фор“ турнирот.

Сите клубови имаа проблеми со ковид-19, нè стигнаа и повреди и не бевме комплетни баш кога требаше да бидеме вистински. Многу се радувам што сме комплетни и тренираме цела екипа. Добро ќе се спремиме и ќе бидеме силен конкурент на сите ривали и во шампионатот и во Купот. Верувам дека со ангажманот и квалитетот ќе покажеме каков квалитет имаме“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk