Ракометната федерација на Македонија, очекувано, како и многу пати до сега им подаде рака на клубовите. По одлуката на Владата на РМ пред секој натпревар да се прави задолжителни ПЦР тестови, раководството на нашата „куќа на ракометот“ испрати известување до клубовите дека трошокот за тестовите ќе биде на товар на Федерацијата.
Ова значи дека ќе се прават 1.000 тестови неделно, 22 клубови од домашното првенство заедно со службените лица ја прават оваа бројка.
sportmedia.mk