logo
logo
logo

Обрадовиќ: Со навивачите на трибините во Битола ќе биде поинаку

Vecer | 22.07.2021

Обрадовиќ: Со навивачите на трибините во Битола ќе биде поинаку

Немања Обрадовиќ, едно од новите засилувања на Е.Пелистер во новата сезона, се надева дека спортот ќе се врати на старо, а фановите на трибините ќе имаат можност да го бодрат својот тим.

Левиот бекот по пауза од неколку години се врати во Македонија и тоа во дресот на битолчани. Очекува дека неговиот тим ќе се претстави во одлично светло, со малку среќа ќе дојде до титулата.

„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари. Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“, изјави Обрадовиќ. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk