logo
logo
logo

Ново злато за Дејан Георгиевски!

Vecer | 02.10.2022

Ново злато за Дејан Георгиевски!

Ново злато за Дејан Георгиевски, nа Г2 турнирот во Тирана, Албанија!

Македонскиот теквондист беше најдобар на турнир во Албанија и доби нови 20 бода во борбата за олимписка норма за ЛОИ 2024.

Едно од многуте во неговата колекција медали кои периодов ги освојува каде и да настапува. Покрај Георгиевски, медал, со сребрена боја освои Филип Додевски.

Словенецот Иван Трајковиќ, инаку медалист од Олимписките игри беше жртва на нашиот Дејан по што беше јасно дека Георгиевски ќе биде најдобар на овој турнир.

Додевски пак до финалето забележа две победи, но во последната борба загуби од Сулејманов од Азербејџан.

Фото: ФБ

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk